Потребна документација, која треба да ја имате, за аплицирање на работа:
Доколку станува збор за аплицирање за работа во Fluor, KBR (односно Блискиот Исток), Германија, Шведска, Норвешка, Англија, Чешка, Полска, Швајцарија, Италија, Дубаи, Катар, Малта, Словенија, Хрватска, Македонија и други останати земји кои нудат вработувања преку своите огласни платформи, или преку наши извори, потребни ви се следниве документи:
- Ваши лични податоци за изработка на ваше Професионално резиме (CV) ;
- Мотивационо писмо;
- Препораки од фирми каде што сте работеле;
- Валиден пасош (минимум 16 месеци важност пред заминување);
- Валидна возачка дозвола;
- Диплома од завршено средно или факултетско образование;
- Сертификати стекнати од посетување на курсеви, обуки, тренинзи и друго.
**** Сите горенаведени документи треба да ги имате во оригинал формат и воедно преведени кај судски преведувач на потребен јазик (работиме превод само на англиски и словенечки).
ОБЈАСНУВАЊЕ:
*** Освен што ќе мора да одговорите на трите прашалници, оставајќи ваши точни податоци, ќе следат уште неколку информативни/ дополнителни прашања кои ќе дадат насока и проценка за изработка на ваш личен профил. Не се откажувајте и обесхрабрувајте на самиот почеток пополнувајќи прашалници и одговарајќи на документирани прашања. Тоа е наш шаблон на работење изработен за брза евалуација без кој не можаме да одстапиме. Откако ќе одговорите на 3те прашалници, продолжете во делот за пополнување на онлајн неофицијално резиме на следната страна кое првин треба да го данлодирате/ снимите на вашиот компјутер, а потоа да ни го вратите попонето со ваши податоци по емаил за финална доработка по баран стандард. Со добивање на сите ваши податоци, се пристапува кон изработка на оригинално резиме, мотивационо писмо и препораки во случај да ги немате, а ви се потребни. Бидете трпеливи и истрајни за да имате добивка и успех.
*** Најважно: Пред се, како најважно, за да добиете работа или студии во посакувана фирма, школо или земја мора да имате основно познавање на страниот јазик (барем 20%) или јазик кој што се бара. За поголемите позиции или по барање на фирмите пожелно е поголемо познавање на англискиот, германскиот, шведскиот или друг јазик. Треба да бидете здравствено способни, работоспособни и во одлична форма за извршување на работните задачи, за да може да си обезбедите вработување и заминување без никакви пречки.
Потребна документација која треба да ја имате за аплицирање на студии (само во Словенија):
- Валиден пасош (минимум 12 месеци валидност);
- Диплома за завршено основно, средно или високо образование (подипломски студии);
- Сертификати од обуки, тренинзи, и други соодветни документи;
- Потврда за неосудуваност;
- Уверение за познавање на словенечки јазик, Б1 ниво;
- Останато (во зависност од барањата на образовната институција).
Д О В Е Р Б А Т А Е Н А Ш А П Р Е Д Н О С Т ! ! !